Нема веќе бесплатно испитување за присуство на антитела на Институот за имунобиологија и хумана генетика во Скопје. Од вчера за оваа услуга граѓаните ќе плаќаат приватно по 736 денари, соопшти Институтот.

Согласно дописот од Фондот за здравствено осигурување почнувајќи од 15 април 2021 година на Институтот за имунобиологија и хумана генетика во Скопје нема да се работат тестови за концентрација на антитела кон SARS-CoV-2 на товар на ФЗОМ.

Оваа услуга ќе биде достапна и натаму само на товар на пациентите (приватно) и ќе чини 736 денари“, се наведува во известувањето потпишано од директорот на Институтот проф. д-р Александар Петличковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.