Нема татковина без мајка, жените во Македонија да гласаат за жена!, порача од митингот во Берово Гордана Силјановска Давкова, кандидатката за претседател на Македонија поддржана од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ и коалцијата.

Големиот македонски писател и драматург Горан Стефановски кој работеше и живееше во Англија, секогаш велеше дека мислите и срцето му биле дома, во Македонија. Нема татковина без мајка, на една татковина и личи да има мајка. Од Влатко Ѓорчев, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ слушнав една убава работа: Жените во Македонија да гласаат за жена. Во мојот кабинет најмногу ќе има жени, и тоа најмногу поради тоа што долго време тие немаа шанса да бидат вработени на место кое го заслужуваат, рече Силјановска Давкова пред беровчани.

Во обраќањето пред насобраните жители на Берово таа не заборави да ги истакне природните убавини на Берово.

Жалам оние кои треба да уживаат во оваа убавина, заминуваат. Но, вината не е во нас, туку во нив. Ова место може да привлече многу луѓе, да се развие извонреден туризам. Луѓето од овие краеви во западните земји, во Италија, Австрија добиваат награди за здрава храна. Македонија ја замислувам како земја на развиен туризам. Секој турист кој ќе дојде овде, да размислува да се врати и повторно да не посети, рече Силјановска Давкова.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.