Дали Судот има право повторно да побара од Собранието да му биде одземен пратеничкиот имунитет на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски? Иван Џолев, претседателот на Основен вели дека законот не дава јасна дефиниција дали повторно може да се бара одземање на имунитет на пратениците.

Колку што ми е мене познато во пракса повторни барања не сме испраќале. Но ќе седнеме сите судии заедно, ќе го прочитаме и ќе видиме кои се следните чекори што ќе ги преземеме – рече Иван Џолев претседателт на Кривичниот Суд, одговарајќи на новинарско прашање по денешното отворање на Медиа центарот.

Во случајот со одземањето на имунитетот на поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски, Џолев рече дека слушнал разни гласини дека „еднаш одземен имунитет е одземен имунитет“ но, како што додаде, станува збор за различни постапки и во таа смисла нема одговор на прашањето.

За инцидентот пак во затворот „Скопје” во Шутка, Џолев вели дека судот нема надлежност.

Точно е дека наш судија во петокот изврши редовна контрола за она што е во надлежност на удот, се интересираше за притворени лица, за текот на постапката, за жалбената постапка – изјави претседателот на скопскиот Кривичен суд, Иван Џолев

Инциденти се случуваат во казнено-поправните установи и се регулирани со куќниот ред на тие установи.

Во таа смисла самата установа располага со мерки за справување со такви проблеми, најчесто тоа се дисциплински постапки. Доколку пак се испостави дека станува збор за некакво кривично дело тогаш надлежност за преземање некакви мерки има јавниот обвинител. Во таа смисла судот во овој случај нема надлежност – рече Џолев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.