Конструктивноста е кај ВМРО-ДПМНЕ, деконструктивноста кај СДСМ. Ние како опозиција сме конструктивни и понудивме соработка за да се добие датум за преговори со Брисел, Зоран Заев не одговори. СДСМ како опозиција одеше по улици, уништуваше. Се боеја згради…, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Канал 5.
Тој посочи дека бидејќи немало одговор од Заев и Владата, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лобирање самостојно за да се добие датум за преговори со Брисел. Укажа и што им било кажано оттаму.
Велат дека нема реформи, Владата не испорачува. Пред некој ден знаете што кажа францускиот амбасадор Тимоние и што кажа Германската бизнис асоцијација за бизнис климата и економијата. Тие го кажуваат истото не се испорачува, нема реформи. Тоа што ние го зборуваме го зборуваат и нашите партнери од меѓународната заедница, рече Мицкоски и додаде дека претставници на партијата продолжуваат со работа и со лобирање за датум. Ако ја споредиме конструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ и деконструктивноста на СДСМ кога беше опозиција таа е неспоредлива. Се е добро на хартија но нема импементација. Ние дадовме повеќе од што заслужува Владата и таа криминална дружина, но ние не го правиме за Заев и за криминалната дружина, туку за државата, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Comments are closed for this post.