Нема да се надополнува постоечката мерка и нема да се воведуваат нови рестрикции. Ја следиме состојбата и ако е потребно ќе се надополнува постоечката мерка. Засега, според анализата, нема таква потреба. Сегашните рестрикции ќе дадат резултати за 4-5 дена, изјави денеска министерот за здраввство Венко Филипче на прес-конфренцијата на која присустува и претседателот на Комисијата за зарани болести д-р Жарко Караџовски.

Во Македонија од 10 март има полициски час од 22 до 5 часот наутро кој со одлука на Владата ќе трае до 22 март.

Се наоѓаме во екот на третиот бран, за еден месец бројката е зголемена за 5 илјади заразени. Во болниците има околу 1.100 пополнети болнички места, притисокот во Скопје беше навистина голем, изјави Филипче.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.