Граничниот премин Јажинце кон Република Косово од ноќеска на полноќ е подготвен за работа, но нема преминувања на границата со оглед на тоа што не не функционира косовскиот премин. Поради тоа и луѓе кои со возила сакале да заминат за Косово биле вратените од полицијата на преминот.

Ние сме подготвени за работа но нема преминувања затоа што колегите од граничниот премин Глобочица не информираа дека нивниот граничен премин ќе почне да функционира од 28 јуни. Имаше четири возила кои досега сакаа да влезат на територија на Косово преку граничен премин Јажинце, но поради состојбата и известувањето од косовска старна беа вратени од нашите службеници, изјави Жарко Трпевски, командир на граничен премин Јажинце.

Граничните премини од денеска согласно одлуката на Владата целосно се отворени за непречено движење на патници и возила без приложување на PCR тестови и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.