Со присуство само на пратениците од владината коалиција и 62 гласови „за“, Собранието попладнево и изгласа доверба на Владата, откако претходно тоа од пратенциите усно го побара премиерот Зоран Заев.
И опозицијата и експертите се согласија дека ова беше избрзано и шверцерско гласање, бидејќи помина без можноста за тридневна расправа.
Но, иако Заев го претстави гласањето како триумф и како што рече „кончено ја расчистил маглата“, гласањето само ги потврди тврдењата од опозицијата дека „нешто е труло“ во владината коалиција, штом му требаше вакво гласање за да ги тестира партнерите.
Гласањето доаѓа и во моменти кога врвот на опозицијата, меѓукои и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во неколку наврати нагласи дека разговаат со пратеници од коалицијата на Заев и дека малку е потребно за пресврт во Собранието.
За да возврати на ваквите гласини, Заев се пофали дека тој ќе биде тој што ќе им земе пратеници на опозицијата.
Разговорите кои што се прават за привлекување на нови пратеници или политички партии се на основа на проекти. Јас верувам дека во наредниот период меѓу три и шест пратеници ќе се приклучат на парламентарното мнозинство, затоа што имаме заеднички визии, заеднички проекти, рече неодамна Заев во „Само вистина“.
Колку нема вистина во ова се потврди и на денешното гласање, кога опозицијата сложно замина од собраниската сала.
Се потврди и со независното делување во собранието на неговите партнери од ЛДП и ДС, но и сè погласните изјави од коалицијата против политиките на СДСМ и Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.