Во Советот на јавни обвинители не е пристигнат ниту имаат сигнали дека ќе пристигне допис за активирање на условната оставка од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, што наводно вчера го доставила од затворот Скопје, каде е во притвор за предметот „Рекет“.
Сè уште не е пристигнат допис. Доколку пристигне јавноста ќе биде известена, информира за МИА Ацо Колевски претседател на Советот на јавни обвинители.
Според „Сител“, дописот бил испратен вчера попладне, а од Советот вчера информираа дека до крајот на работниот ден не е пристигнат. Колевски кажа дека доколку пристигне тие веднаш ќе го разгледаат и ќе одлучат како ќе постапат.
Разрешување на Јанева вчера едногласно препорача собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата поради несовесно, нестручно и незаконито раководење со институцијата.
Јанева поднесе условна оставка на 15 јули, на денот кога беше уапсен Бојан Јовановски за случајот „Рекет“, а која требаше да биде активирана кога ќе се избере нов специјален обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.