Министерот за здравство Венко Филипче вели дека по изборите на 15 јули нема да се воведат повторно рестриктивни мерки како карантин.

Во моментов, како што вели, нема најава дека е потребна некаква дополнителна мерка бидејќи здравствениот систем не е во ризик.

Рестриктивни мерки се воведуваат тогаш кога ќе се оцени дека има ризик за здравствениот систем. Тоа е единствената дополнителна мерка освен оние кои ги имаме во моментов. Моментот кога треба да се воведе таква мерка го определуваат стручните лица, но нема најава дека е потребна некаква дополнителна мерка. Изборите не се фактор при одлуките за носење мерки, изјави денеска Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали по примерот на Србија и кај нас се можни рестриктивни мерки по изборите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.