Нема да има олеснување на мерките кои се на сила, а со цел спречување на ширење на коронавирусот во Македонија, објави „Алсат“.

Штотуку заврши состанокот на Комисијата за инфективни болести и поради зголемувањето на бројот на заразени лица, „Алсат“ неофицијално дознава дека нема да има олеснување на мерките. Членовите на Комисијата одлучиле за ова тема да дебатираат од понеделник.

Денеска има 36 новозаболени од ковид-19 во земјата соопшти претходно Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1622, бројката на оздравени пациенти е 1112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419.

Во петокот беа регистрани 14 нови случаи, а во претходните денови тој број беше значително помал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.