Заедничката регионална работна група за отворање на границите се уште нема донесено одлука.

Како што изјави министерот за здравство, Венко Филипче, интензивно се работи на тоа и штом биде постигнат консензус ќе се одржи состанок на кој ќе биде донесена и одлуката.

Точно е дека неколку пати ја одложуваме дискусијата за отворање на границите. Причината е што работната група се оформи малку подоцна од тоа што инициравме заради респонсибилност и на останатите земи. Станува збор за работна група на стручни луѓе, лекари и епидемиолози од повеќе земји од Западен Балкана плус Бугарија и Грција – проект кој го поддржа и Американската амбасада во смисла на добра регионална поддршка. Целта е да направиме заедничка политика за границите затоа што ниту една национална политика нема никаква логика ако се границите затворени, затоа што првиот момент кога ќе бидат отворени сето тоа губи смисла – изјави Филипче на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Филипче додаде дека се уште се разгова и врз основа на споделување на информациите и градење канали за комуникација помеѓу сите овие земји, како што рече, евентуално во смисла на можно предупредување за некои ризични региони во рамки на повеќето од овие земји, ќе може да се направи целосна слика за епидемијата во регионот.

Сега во овој момент интензивно се работи и првот момент кога ќе има еден консензус сите да го финализираме овој првичен дел од таа работна група со заеднички состанок ќе донесеме и одлука – рече министерот за здравство.

Тој вели дека засега не се планира карантинот кој беше применет како мерка во почетокот на кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19 и се надева дека ќе нема потреба.

Затоа се овие мерки претходно помеѓу сегашната ситуација и тој целосен карантин. Искрено се надевам дека и тие нема да се имплементираат и сме сигурни дека може да не го направиме тоа ако се почитуваат сегашните мерки кои што се препорачани. Но подготвуваме план заради тоа што видовме искуство од многу други земји, Израел или најавите во Велика Британија, Франција се соочува со огромене број на дијагностицирани случаи и во таа смисла се нашите подготовки како на здравствениот систем така и во епидемиолошкиот, претклиничкиот дел каде што треба да се влијае на намалување на трансмисијата – вели Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.