Секогаш кога навистина треба да се имплементираат заложбите во борбата против криминалот и корупцијата, гледаме дека од таму единствено нешто што може да дојде е тишина, нема буквално никаков одговор на нашите барања бидејќи се уплашени – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски одговарајќи на новинарско прашање дали имаат добиено одговор на трите барања што ги испорачаа на протестот пред судот.
Тој образложи зошто смета дека се уплашени да дадат одговор на нивните барања:
Уплашени се затоа што знаат дека доколку се соочат со тие барања, тогаш одговорноста не им бега. Но колку и да ги игнорираат остануваат помалку од 40-тина дена до 12 април, кога народот гласно ќе зборува, а после 12-ти април ќе не можат да ги игнорираат бидејќи политичката реалност во Македонија ќе биде поинаква и тогаш ќе мора да се соочат со сите неуспеси криминал и корупција, понижувања и омаловажувања, кои што ги генерираат изминативе три години.
Барањата кои ВМРО-ДПМНЕ ги упати на маршот пред десетина дена се однесуваат на покренување на истрага за злоупотреба на службената должност од страна на Зоран Заев кој се меша во обвинителски постапки, и одлуки на Врховниот суд, потоа, неодложна ревизија на работата на Врховните судии без исклучок и ревизија на нивите одлуки и итна реформа на Советот за реформи во правосудството што ќе значи времено суспендирање на секаква негова активност поради контаминираноста на неговата работа и барање на меѓународна експертска помош во реализција на реформите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.