Нови пет лица се заболени со коронавирус во Куманово во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Со ова бројката на заболени во градот достигна до 8 лица. Во Куманово се случи и првиот смртен случај од Ковид-19.
Пред два дена градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, најави дека по препорака на Општинскиот кризен штаб, од Владата ќе побара полицискиот час во овој град да трае подолго од тој што е воведен на територија на целата држава.
Првпат по прогласувањето на кризна состојба во Дебар, пак, таму не се забележани новозаразени лица. Бројката на заболени и денеска изнесува 40, а во билансот на градот е запишан и еден смртен случај.
До денеска до 12 часот во Македонија се забележани 148 случаи на заболени од коронавирус. Најголемиот број од нив се во Скопје (88), а покрај Дебар и Куманово, заболени има и во Штип (седум), Кавадарци (два), Охрид (два), Гостивар (еден).
Според статистиката, не постои голема разлика меѓу заболените според пол, а повеќе од половина заразени во Македонија се на возраст до 49 години.
Во самоизолација се наоѓаат 7.307 лица, а 618 се под надзор.
Детали за состојбата со заболени лица од коронавирусот во Македонија може да се следи о на мапата изработена од македонската компанија ГДи Скопје, која може да ја најдете ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.