Сите капацитети за сместување на ковид-пациенти во струмичката болница се целосно исполнети. Медицинска помош добиваат вкупно 83 граѓани, од кои 40 се на болничко лекување, а 43 се лекуваат со примање терапија во дневна болница.
Директорот д-р Наќе Гогов информира дека во последните денови добра вест е што нема нови позитивни на Ковид-19 од медицинскиот персонал. Тринаесетте сестри, двајцата лекари и еден техничар,кои досега беа во изолација, се вратиле на извршување на работните врски.
Покрај нив, во работата ни помагаат и 23 специјализанти, кои се распоредени во одделенијата на болницата. Можам да кажам дека по подолго време имаме доволно медицински персонал и сето тоа придонесува работата да тече колку-толку нормално. Се надевам дека така ќе остане, но како здравствени работници не загрижува големиот број на заболени од Ковид-19 и затоа уште еднаш апелираме до граѓаните строго да се придржуваат до мерките за заштита – вели д-р Гогов.
Според вчерашните податоци во струмичкиот регион досега се регистрирани 1.571 случаи на ковид дијагностицирани, од кои активни се 671, а од последици од коронавирусот досега починале 53 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.