Во Собранието сè уште не е доставена оставката на премиерот Зоран Заев, потврдија собраниските служби.
Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на 31 октомври поднесе оставка од двете функции по завршувањето на вториот круг од Локалните избори.
– Ја преземам одговорноста врз себе за лошите резултати од овие избори, рече Заев и додаде дека останува дел од партијата.
Коалициските партнери на премиерот Заев се против неговата оставка и против ново парламентарно мнозинство.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција најави дека до понеделник ќе чекаат премиерот Зоран Заев да ја достави оставката до Собранието. Ако тоа не се случи, најави дека ќе ја почнат постапката за иницијатива за оставка на Владата.
Оставката на премиерот Заев повлекува оставка на целата Влада што треба да биде констатирана од Собранието, но останува да ја врши должноста до изборот на новиот владин состав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.