Пополнети се капацитети на инфективното одделение во кумановската општа болница, соопштија денеска надлежните од установата. Од вкупниот капацитет од 18 легла, исполнети се седумнаесет, изјави денеска директорката на кумановската болница, д-р Снежана Захариева.

Десет пациенти се на кислородна поддршка, што значи дека се со средно тешка до тешка клиничка слика. Останатите пациенти се со средна клиничка слика. Наплив има и во амбулантното одделение каде пациентите доаѓаат, примаат терапија и се пуштаат на домашно лекување. Пациентите од кумановско кои се позитивни на Ковид 19, без разлика на нивната состојба се во постојана комуникација и контакт со нашите инфектолози, изјави Захариева.

Во овој период четири медицински сестри од инфективното одделение се позитивни на Ковид 19, што е една смена во болницата. Захариева вели дека се ангажираат сестри од другите одделенија од болницата кои помагаат на инфективното одделение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.