Во здравството загубите се плаќаат со човечки животи, рече денеска претседателот Христијан Мицкоски на прес-конференција организирана по повод 100 дена Влада.
Мицкоски ја обвини власта дека за 100 дена повеќе од 1400 граѓани го загубиле животот во битката со ковид, а сето тоа поради неспособното менаџирање со здравствениот систем.
Недозволиво висока стапка на смртност. И точно е дека поради корона кризата секаде состојбата е лоша, но овде смртноста е извонредно висока, државава е седма во светот по степенот на смртност на милион животи, а тоа е така поради неорганизираноста на здравствениот систем, неспособните Филипче и Заев, рече Мицкоски.
Како катастрофални пропусти тој ги наброја:
• Недостиг за обучен медицински кадар. Во исто време пријавени се во заводот за вработување околу 3000 невработени здравствени работници.
• Поради ненавремено обезбедена и несоодветна лична заштитна опрема резултираше е бројка од околу 1800-2000 заразени здравствени работници и десетина починати.
• Социјалните мрежи станаа арена за барање на помош и донации со кои се спасуваат животи поради тоа што државното здравство е пред крах.
• За Клинички центар не треба да трошиме зборови, ни трага, ни глас од ветениот Клинички центар, а еве поминаа 4 години.
• Груба и брутална лага е дека лекарите земаат 100.000 денари плата. Капитацијата на матичните лекари не е покачена иако ветуваа. Тие не се помогнати ниту во ковид пандемијата.
• Дежурства на специјализантите не се платени, приватните специјализанти немаат ниту здравствено осигурување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.