Поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев го опиша владеењето на СДСМ во последните  10 дена:

  1. Мафијаш со џип на Стража – 1 мртов.
  2. Пола МВР ја покрива шкодата на Водно.
  3. Потерница за мафијаш од Црна Гора со пасош од Драчево.
  4. Закон за марихуана со ЕУ знаменце. Мафијашите аплаудираат од Авганистан, преку Балканот, до Колумбија. Буквално.
  5. Друг мафијаш пуштен од затвор.
  6. Австрија бара екстрадиција на екипа од МНР за операција во Ерменија.
  7. Бизнисмен постира на Фејсбук дека градоначалник на СДСМ му барал 100.000 евра.
  8. Активист на СДСМ сведочи дека градоначалникот му барал пари за вработување.
  9. Колата на функционер на СДСМ ја симнуваат од пајак. Нема казна.
  10. Градоначалник – дивоградба.

Секој мафијаш има фотки со премиерот и министрите. Секој мафијаш има “стаж” во штабовите на СДСМ, селфи, кампањи и слично.

Плус, 300 мртви од ковид за 10 дена. Најголема смртност на светот.

Ер тракторите ги сервисираа?

Шарени, задоволни сте? За ова се боревте? Нема правда, нема мир?!

Распад. Тотален распад. Ни треба нова Влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.