Од вчера низ Штип се поставени пунктови за собирање на парични средства за лекување од Ковид-19 на 54 годишниот штипјанец Ристе Донев.
Донев шест дена се лекувал во штипската болница, но откако здравствената состојба значително му се влошила, требало да биде хоспитализиран во Скопје, пренесува „Алфа“. И дебелите врски кое ги фатило семејството не дале резултат. Единствено решение за да го спасат, им било да го хоспитализираат во приватна клиника.
За лекуваање на државно, пробавме секаде, па дури и преку министерот Филипче. Единствено место имаше во Козле, меѓутоа таму ми рекоа дека е за полесни пациенти и ништо не успеавме да направиме на државно и покренамае иницијатива за хоспитализирање во приватна клиника, изјави пред камерите на „Алфа“ неговиот син Михаило Донев.
Донев и неговата сопруга се текстилни работници. За лекување се потребни над 12.000 евра, но само за првите десет дена . Семејството нема доволно средства , па затоа неговиот син на социјалните мрежи упати апел до сите хумани луѓе да им помогнат во оваа тешка битка.
Се поставија пунктови на неколку локации во градот, а може да се донира и тука.
Кога пробале да направат сметка за донации биле изненадени од апсурдниот одговор што го добил во една од банките.
Ми барат и негов потпис за полномошно, а он не може. Им објаснив дека тој секој момент може да биде ставен на респиратор и не може. Тие ми велат, не мора тој да те овласте, затоа што е над 18години. Има 53 годни, вели неговиот син Михаил Донев.
Состојбата во Источниот регион станува се поаларматна. Капацитетите и во двата ковид центри во Кочани и Штип се речиси полни.З а да се обезбадат дополнителни кревети се прават реаорганизација на одделенијата. Во Штип пациенти со полесна клиничка слика ќе се хоспитализираат на кожно, а во Кочани на одделението за физикална терапија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.