Тестовите за коронавирус на лицето што утрово се јавило на Инфективната клиника во Скопје со висока температура се негативни, кусо изјави изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Владата. На прес-конференција утрово министерот за здравство, Венко Филипче рече дека пациентот што на 7 март е дојден од Германија, а утрово качил висока температура се јавил на Инфективната клиника за тестирање.

Од деветте пациенти со коронавирус шест се во стабилна состојба, а кај тројца е забележано лесно влошување. Тие засега сè уште се без респираторна поддршка. Тројцата се над 65 години, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на пладневната прес-конференција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.