Македонска јавност е свесна за значењето на моментите со кои е соочена Република Македонија.Сите граѓани без разлика на партиската припадност, без разлика на етничката припадност да застанат на браникот на државните интереси. Државен интерес е во Република Македонија да имаме пристојно место за живеење со нула толеранција за криминалот и корупцијата која што во последно време ја искажува Република Македонија на врвот на скалите кои што се занимаваат со мерење на оваа проблематика. Нема компромис со криминалот и корупцијата од каде и да доаѓа, од чии редови да доаѓа. Битката мора да биде безкомприомисна и да биде до крај. Вистинските злосторници и луѓе кои што се огрешиле мора да бидат изведени пред лицето на правдата и врз еден транспарентен судски процес да бидат осудени или ослободени – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција на која зборуваше за Законот за јавно обвинителство.

Тој го повика државниот Јавен обвинител веднаш, безкомпромисно, доста од публика, доста набљудува, да се вклучи во борбата против организираниот криминал, против корупцијата.

-Да не се плаши да отвори по допрен глас постапки, а ги има десетици и од оваа политичка елита и врхушка на власт но и од сите политички елити во минатото. Го повикувам, таа можност ја има согласно Устав и согласно законите. Тој е единствениот кој што може да покрене согласно закони и Устав, постапка доколку се констатира дека има индиции за сторен криминал – рече Мицкоски.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се сложи со предлог закон даден од Владата, кој, како што кажа, има две цели – првата пресметка со политички неистомисленици во случајот со опозицијата, и втората заштита на криминалот на сегашната врхушка на власт кога ќе се сменат политичките прилики а тоа ќе биде многу скоро во Република Македонија.

Пред законот сите се еднакви без разлика дали се викале Христијан, дали се викал Зоран, дали биле од ВМРО-ДПМНЕ, дали биле од СДСМ, од ДУИ, дали биле од Алијансата, дали биле од БЕСА или од останатите политички партии. Доста ги разочарувавме нашите граѓани. Доста е од бледи соопштенија и прес конференции, време е да се фатиме за работа, време е и тоа им го должиме на граѓаните да се вклучиме во бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата – рече Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.