Спроведувањето на пописот ќе се врши на терен со попишувачи кои треба да влезат во секое домаќинство, што значи дека физичките контакти се неминовни. Во такви секој попишувач ќе користи лична заштитна опрема што се состои од заштитна маска, спреј за дезинфекција на раце и каљачи.

Протоколот за заштита опфаќа:

– Задолжително носење заштитна маска (KH95) во домаќинствата и за целото времетраење на попишувањето.

– Задолжително одржување на пропишаната дистанца (1.5-2 метра) за цело времетраење на попишувањето во домот.

– Се забранува вадење, поместување и менување на заштитната маска додека трае попишувањето во домот.

– Се забранува пиење и јадење додека трае попишувањето во домаќинството.

– Користење средства за дезинфекција на рацете при влегување и при излегување од домот.

– Надворешна дезинфекција на лаптопот пред влегување и по излегување од домаќинството.

– Доколку постојат услови, треба да се искористи секој можност за попишување во двор, на тераса, веранда со задолжително носење маска и држење дистанца.

– Пред влегување во домаќинството, попишувачот задолжително да стави каљачи на обувките.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.