Поразителни 83,7 отсто од испитаниците би си заминале од Македонија кога би имале шанса. Ова се резултатите од анкетата под наслов „Кога би можеле, дали би заминале од Македонија“ која ја спровел Факултети.мк.
На прашалникот анонимно одговориле вкупно 1.474 луѓе. Од нив, дури 1.234 (83,7%) одговориле со „да“, 123 (8,3%) се двоумат, додека 117 испитаници (7,9%) би останале во Македонија.

Различни биле одговорите за земјата каде што би се преселиле. Германија, Австралија, Канада, Франција, Холандија, Данска, Австрија, Скандинавија, Швајцарија, Словенија, Нов Зеланд, Шведска, САД, Англија… А имало и вакви одговори: „Каде било, само не Македонија“, „Подалеку оттука“, „ Во земја каде што владеат закони и каде што има нормален здравствен систем и образование“.
Во продолжение дел од одговорите зошто испитаниците би заминале од Македонија: – Подобра иднина на моите деца и сигурност. – За да дишам чист воздух. – Затоа што ова не е држава. – Лош и недостоен живот во Македонија. – Не е до парите. Секојдневието е катастрофа од сите аспекти (народ, опкружување, манири, ставови, институции, општини, ВОЗДУХ). – Нема една причина зошто би останал. Животот ми е уништен овде, работам по 13 часа секој ден и едвај преживуваме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.