Дезертерот Зоран Заев го напушти сопствениот народ, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека нема друг случај во Европа каде премиерот дезертирал од својата земја за време на соочување со голема криза.

Во текот на вчерашниот ден влезе во земјава, со лаковани кондури и брендирана блуза од 500 евра се сликаше, и потоа ја напушти повторно земјата и го остави народот на цедило. Додека со скапиот државен мерцедес го напушташе Берово, огнот се уште ја пепелосуваше земјата. Се покажа дека не постои систем за заштита. Додека целиот регион праќаше пожарни и ресурси за справување со пожарите, само Заев ја напушти земјата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Повикуваат дека потребен е прекин на одморите и итна седница на Собранието на која ќе се расправа за кризната состојба со пожарите.

Дезертерите како Заев треба да одговараат за предавство на својот народ и држава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.