Сè уште нема дисциплинска постапка против македонскиот конзул во Минхен, кој на 2 мај јавно честиташе победа на УЧК и „ослободувањето“ на Карадак од ОНА во 2001 година, но затоа, пак, Министерството за надворешни работи на чело со Никола Димитров, ќе ја дисциплинира Викторија Трајков, докторанд и дипломат во МНР.
Причината, како што наведува Трајков, е затоа што приватно, вон работно време и во неработен ден, учествувала на настан на кој се зборувало за заштита на македонскиот идентитет, јазик, нација.
Трајков најавува дека ќе се појави на дисциплинската комисија предводена од нејзин колега од МНР, откако нејзината непосредна шефица претходно одбила да учествува во нејзиниот прогон од менаџментот во МНР.
‘⁉️Почитуван Никола Димитров, чест и задоволство ми е, како експерт за брендирање, да се појавам на мојот дисциплински престап затоа што држев предавање како да се заштити брендот „македонски“.
Со чист образ, пред моите колеги/судии ќе образложам како гордо сум зборувала на Конференцијата каде што сè беше во знакот на македонштината.
Но, ќе зборувам и за тоа како баравте било кој да потпише иницијатива за дисциплински престап само затоа што мојот непосреден шеф, една прекрасна дипломатка од кариера и повеќегодишна горда конзулка на Република Македонија во Истанбул, смета дека не сум направила ништо лошо!
Со гордост и уште посилен глас, секогаш ќе зборувам за Македонија и македонски бренд, кога и да ми се укаже прилика за тоа!
На крајот на следниот месец, лично ќе ве поканам и на одбрана на мојот докторски труд кој е баш за тоа – „Брендирање на Република Македонија!“… тогаш и вие ќе имате чест да слушнете како се прави тоа, па и да поднаучите нешто!
Правдата и во мојот случај ќе исплива на површина, а тој што се огрешил пред неа, богами, нека му ја мисли!, пишува Трајков во обраќањето до Димитров, шефот на Кабинетот на министерот, Паскал Стојчевски, и нивните соработници кои ја прогонуваат затоа што учествувала на настан на кој се промовирале македонските вредности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.