Вицепремиерот Никола Димитров два дена молчи откако потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски го обвини дека тој е автор на нон пејперот за решавање на спорот со Бугарија кој се појави во медиумите.

Димитров досега не излегол ниту со став ниту со реакција. Единствено по објавувањето на документот тој кусо изјави дека тоа е балканска ујдурма и оти самиот јазик со кој е напишан не соодветствува на англиската граматика.

Уште рече дека тој нон пејпер е напишан кај нас.
Николоски тоа го објасни и го посочи дека токму Димитров е автор на нон пејперот за да се дефокусира јавноста од пожарот во Тетово.

Во документот како решение за т.н. “Македонски проблем” се предлагаат двојни принципи, шпо ќе им овозможат на двете страни сопствена интерпретација на историските настани.

На Бугарија ќе и се дадат гаранции за зајакнување на сегашниот концепт за нација-држава, препознавајќи го историскиот контекст на бугарско потекло на граѓаните без исклучок. Тоа ќе го намали стравот на Бугарија на долг рок од загрозување на стабилноста и безбедноста преку правата на малцинствата.

Во Република Македонија, од друга страна, постоечкиот контекст на мултиетничко општество ќе се зајакне преку вклучување на бугарскиот наратив. Се предлага Бугарите да се внесат во Уставот, соодветно како и сите други етнички заедници.

Се додава и дека мнозинскиот дел од словенскиот народ, кои себе се идентификуваат како Македонци, и кои сметаат на историскиот контекст за посебност на македонскиот народ ќе ја задржат можноста за сопствен аспект и наратив на оваа заедничка историја”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.