Традиционално од Охрид започнува овој неколкунеделен караван кој очекуваме да заврши победнички за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, порача денеска од Охрид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вклучувајќи се во централниот дневник на „Сител“.

Ние нема да водиме ниту брутална, ниту валкана кампања очекуваме дека таква кампања дека ќе води политичкиот противник, кампања која ќе изобилува со измислици, напади. Ние ќе се концентрираме на сето она што можеа, а за жал не го направија, ние ќе ставиме акцент на сите неуспеси и неправди кои ги доживеаја граѓаните и Република Македонија, рече Мицкоски.

Тој посочи дека главно во капањата ќе биде презентирање на проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги има во програмата и додаде дека програма „Проект Обнова“ е подготвена од домашни и страснки експерти, партиски и непартиски личности, оние кои се или не се политики активни.

Ние имаме прецизна програма со проекти и таков тип на кампања ќе водиме, ќе претставуваме проекти. Тоа е допилнителен мотив да ги поттикнеме граѓаните да излезат на 15 јули, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека очекува граѓаните да поддржат промени и гордо исправена Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.