Ниту се разгледува ниту ќе се разгледуваат предлозите на опозицијата, туку ќе се турка закон за исполнување на концесиите на Заев за владина коалиција, коментира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски по двете владини изјави за пописот дадени за помалку од два часа – едната дека се разгледува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за набавка на терминал за отпечаток од прст за пописот, соопштена од страна на владиниот портпарол, Муамет Хоџа, а другата дадена од страна на министеркта за одбрана, вицепремиерката Радмила Шекеринска, дека овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ е само уште еден обид да се одлага пописот.
Раштиман оркестар!
Нема ниту еден час меѓу лагите од владата на Заев и изјавата на Шекеринска како министер и член на истата влада во врска со предлозите како да се спроведе вистински попис признаен од сите.
Ниту се разгледува ниту ќе се разгледуваат предлозите на опозицијата, туку ќе се турка закон за исполнување на концесиите на Заев за владина коалиција, вели Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.