Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека во моментов кривичната пријава за министерот за здравство, Венко Филипче само би ја дефокусирала јавноста иако за неа постојат сериозни основи. Тој во гостувањето во емисијата Само Вистина истакна дека врз основа на сите информации кои пристигнале до ВМРО-ДПМНЕ, кривичната пријава за Филипче во моментот кога опозицијата ја најави била логичен чекор, но со оглед на сериозноста на ситуацијата со пандемијата на коронавирусот истата не била поднесена.
Ние најавивме на почетокот точно како политичка партија врз основа на сите информации кои дојдоа до нас, видовме дека во овој момент не треба да се разговара за кривични пријави туку да се грижиме за сето она кое што ни следува. Јас не би се согласил дека народот мисли дека добро се справува со кризата, вели Мицкоски, кој ја потсети јавноста на анкетите на кои граѓаните работата на Филипче ја оценуваа со двојка и посочи дека никогаш не би го задржал како министер за здравство во својата влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.