Многу е веројатно дека нема да се препорачаат нови мерки, бидејќи нема ефект, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Комисијата за заразни болести во секој момент треба да започне со денешниот состанок, но најверојатно нема да препорача нови мерки, бидејќи вирусот е широко распостранет, најави Филипче.

Мислам дека нема да има нови мерки. Зошто? И на утринската комуникација што ја имавме телефонски беше констатирано дека сепак никаква дополнителна рестрикција од она што е сега не може да даде дополнителен ефект. Зошто е тоа така? Гледаме што се случува во многу други земји и во земји каде имаше поголеми рестрикции од нашата сега имаше исто така силен бран. Понатаму привремени одлуки за карантин од неколку дена не дадоа никакво ефект. Тоа оди во прилог на тезата дека кога има широко распространета локална трансмисија единствено што треба да се прави е да се почитуваат сегашните мерки, изјави Филипче пред почетокот на состанокот.

Вчера по состанокот на Филипче со директорите на клиниките беше соопштено дека вирусот има широка инфекција на територија на цела држава, а во сите болници низ земјата има слободни кревети, терапијата се доставува без застој и поради тоа нема потреба од воведување нови дополнителни рестриктивни мерки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.