Градоначалниците на општините, денеска на координативен состанок со министерката за образование и наука, Мила Царовска и со претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов ги прават последните подготовки пред старот на одложената учебна година. Предвидено е наставата да трае до 20 часот навечер во различни групи. Од прво до трето одделение е задолжително физичко присуство на учениците, а за останатите одделение се уште се прави проценка на можноста која ја нуди училиштето.
Дел од училиштата се подготвени за настава со физичко присуство, тие доставуваат барање за да започне учебната година со физичко присуство, согласно протоколите кои ги предложи Комисијата за заразни болести, а ги усвоивме на Влада. Другите се подготвуваат за онлајн настава, за што се креира нова национална платформа за учење, која е во тест фаза и ќе биде многу едноставна, а до неа ќе имаат пристап сите наставници и ученици. Доколку се менува епидемиолошката слика, ќе се менуваат и одлуките, согласно кажувањата на Министерството за здравство, истакна Царовска.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов нагласи дека не треба да се очекува совршено решение за стартот на учебната година.
Имаме комплексен старт на новата учебна година, бидејќи условите во училиштата не се изедначени. Не можеме да најдеме совршено решение, но ќе најдеме доволно добро решение за отпочнување на училишната година и исполнување на обврските кои ги имаат општините, а се однесуваат на почитување на протоколите. Имаме време до 10 септември да го известиме МОН кои училшта се подготвени за онлајн настава, по што ќе очекуваме одобрение од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство. Работиме на техничи услови за обезбедување на онајн настава. Ќе обезбедиме добра аналитика за социјалниот статус на ученици и со помош и на социјално одговорни компании ќе обезбедиме компјутери за следење на наставата, рече Шилегов.
Согласно Комисијата за заразни болести, часовите треба да траат 30 минути, а учениците не треба да се задржуваат долго во училиштето. Тоа значи дека не може да се остане по 9 часа во училиште на целодневна настава. Ако се промени одлуката на Комисијата, ќе размислуваме за тоа, но во моментов тие сметаат дека е тоа е дополнителен ризик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.