На денешното рочиште за случувањата од 27 април сведочеше Владимир Нелоски, кој во тој период бил дел од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на чело на Унијата на млади сили.

Нелоски беше јасен дека обвинетиот Спиро Ристоски не бил член на Извршниот и на Централниот комитет на партијата и оти немал функција организациски секретар.

Нелоски посочи дека ИК на партијата немала одлука за учество на протестите.

Наши симпатизери учествуваа на протестите исто како што членови на СДСМ учествуваа во Шарената револуција, одговори Нелоски.

Тој исто така потврди дека како претседател на УМС немал комуникација со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во врска со протестите.

Повеќе од јасно е дека не може да има некаква одлука без да биде потврдена на партиските тела и за тоа да не постои записник, рече Нелоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.