Европа нема да дојде во Македонија сè додека фирми блиски до власта добиваат средства за корона-кризата, рече вечерва Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Само Вистина“. При своето гостување посочи дека оваа влада наместо да понуди решенија за крупните проблеми со кои што се соочуваат граѓаните тие носат закони кои не важат за сите. Но и СДСМ за жал успеа да направи и нов ТАТ.
Мене ме загрижува каде се потрошени една милијарда евра нов долг на сите нас по две илјади евра по семејство за три месеци. Каде се потрошени, односно инвестициите кои одат во капитални проекти се само 40 проценти, и знаете каде се потрошени – во непродуктивни трошоци. Во економијата ние сме на дното. Имаме една милијарда евра ново задолжување, а економијата не се придвижува, стои, имавме искористени средства за неетички предизборен поткуп на граѓаните не им се потребни 50 или стотина евра за одмор, туку да живеат. Се потрошија ваучерите, сега најавуваат за пензионерите, на пензионерите им треба работа за нивните деца, внуци. еднократна помош не им помага на граѓаните, појасни Нелоски.
Според Нелоски треба да се размислува како да се раздвижи македонската економија. И додаде дека, ВМРО-ДПМНЕ ќе работеше токму на тоа.
Министерката за финансии, веќе поранешна Ангеловска, вели не знае што се случувало во Еуростандард банка, за Заев да рече деновиве дека знаел од пред една година. Значи еден од нив лажел. По 20 години имаме нов ТАТ, има индиции дека пропадната банка давала кредити на блиски фирми до владејачката коалиција кои не биле кредитоспособни. И сега дел од лицата или 20 илјади граѓани пензионери во оваа банка не земале пензија, а еден дел кои биле министри или блиски до власта повлекле пари. Дека ова е случајно не може да верувам ниту јас ниту било кој друг, рече Нелоски.
Во контекст на владината одлука за рушење на дивоградбата кај „Мавровка“, Нелоски потсети и на другите проблеми со дивоградбите.
2019 имавме ситуација кога од нигде никаде никна платформа на Матка и таа се уште постои, потоа познат бизнисмен од Охрид и советник на ДУИ, Нефи Усеини направи пицерија кај чинарот и се ова се градби кои треба да се срушат и поминува година и пол, но не се рушат. Она што ме загрижува е што говориме за рушење на дивоградби изградени пред четири месеци, каде биле надлежните кога се граделе. Ние имаме ситуација кога грешките, поточно прецизно направените потези на СДСМ со цел да се договорат до одредени структури кои им работат на терен во изборите, а тоа го плаќаат граѓаните. Некој направил дивоградба и никој ништо не знае и сега на првава седница прва одлука ќе се срушела дивоградба, па тоа е нормална постапка и сега „Македонија пат“ ќе ја руши, а тоа го плаќа народот. Со парите на граѓаните се плаќа ова рушење, истакна Нелоски.
Според Нелоски ако сакале СДСМ да покажат и да спроведуваат еднакво важење на законот ќе постапуваше исто за сите дивоградби.
Јас очекував денеска одлука како ќе им помогнат на оние 40 илјади нови невработени од април месец, одлука со која ќе им се врати на граѓаните довербата во на банкарскиот систем зошто имаме пропадната банка, а најголема вест е рушење на само една дивоградба, посочи Нелоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.