Законот важи за сите освен за функционерите на власта. Ова го кажувам затоа што господинот Богдановиќ бил излезен по 20 часот. Она што ВМРО-ДПМНЕ го кажува е дека Богдановиќ го крши законот иако имал дозвола за движење, но тој е присутен во дел од хотелот кој што е ресторантски дел. Ако се видат протоколите кои што се донесени од институциите кои ги водат СДСМ, може да се забележи следното. Имено, на последната одлука за превентивни мерки и наменски протоколи за заштита од корона вирусот, во членот 2 пишува дека се затвораат за посетители и гости сите уготителски објекти и угостителскиот објект дел за исхрана во угостителските објекти за сместување во хотели, истакна претседателот на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски во “Само вистина” на Канал 5 телевизија.
Во членот 2 рече Нелоски, најпрвин пишува дека е забрането за луѓе и гостите можат да бидат во делот за храна ама до 20 часот. А јавноста на снимката виде дека гостите седат по 20 часот.
Она што е дополнително страшно освен што имаме прекршување на законот, градоначалникот Богдановиќ не ја признава грешката. Јас очекував да излезе и да каже луѓе извинете, јас бев во ресторан иако не смеев да бидам и подготвен сум да ги сносам и моралните и политичките одговорности кои што ги имам и последици. Наместо тоа, видовме многу лоша драма и театар од страна на Државниот пазарен инспекторат кои што има многу недоследности. Најпрвин градоначалникот излезе и кажа дека го сместувал играчот на КК Работнички, не ми е јасно каде престојувал тој играч четири дена бидејќи пред да го сместува градоначалникот тој изиграл натпревар. Кога видоа дека реакциите од граѓаните не престануваат, градоначалникот излезе со штуро објаснување дека го сместувал играчот и дека имал потврда за тоа. Функционерите треба да се пример за граѓаните. Со оваа случка, Богдановиќ им порача на сите граѓани кои сакаат да се видат со пријатели дека можат да си уплатат во соба во одреден хотел и таму да си се видат, посочи Нелоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.