Владимир Нелоски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на македонската телевизија зборуваше за денешниот протестен марш кој го организира ВМРО-ДПМНЕ под мотото “Протест за ЕУ, за Македонија, за Гоце Делчев“ каде порача дека од овој протест имаат да пренесат две пораки.

Едната порака е до власта, до тие неразбрани трговци кои што се обидуваат како и досега да тргуваат со македонските национални и историски богатства за лични интереси, а таа порака која што им ја праќаме да внимаваме што прават во наредниот период. Но, дополнително и уште поважно е втората порака која ја праќаме е масовна поддршка на нашите историчари кои се наоѓаат во комисијата, кои што треба да ги бранат нашите македонски историски интереси. Токму затоа илјадници граѓани се тука во Скопје за да ги упатиме тие пораки, да упатиме порака дека ако Америка го има Теодор Рузвелт, Англија го има Винстон Черчил, Македонија го има Гоце Делчев. истакна Нелоски.

Тој во своето гостување укажа дека Гоце Делчев предничал со своите размислување стотици години пред своето време и бил на еден начин пример за тоа што значат европски вредности.

Европски вредности значат понекогаш да се направи саможртва за одредени работи за да се запази интересот на својата татковина. За разлика од овие вредности кои што ги гледаме денес во државата, а тоа се вредности кои што значи богатење и криминал, корупција за лични интереси на тесно партиски раководства на власта, истакна Нелоски.

Нелоски укажа дека најстрашно е тоа што ние не се знаат до овој момент сите детали во однос на преговарачките позиции и токму затоа ВМРО-ДПМНЕ упатува порака дека историјата треба да се остави на историчарите, а не политичарите да се грижат за историјат.

Затоа повикуваме власта да не прави притисок врз нашата комисија која ќе треба да одлучува во наредниот период за прашања кои што се енормно значање за македонските граѓани бидејќи да не заборавиме Гоце Делчев е идентитетот, Гоце Делчев е Македонија. Она кое што би било во иднина ќе го разговараме во иднина, она кое што е многу пострашно е тоа во моментот притисокот кој што во изминатиот период, а очекуваме и уште поголем во наредниот период да го чувствува Комисијата за историски прашања, додаде Нелоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.