Македонија е на врвот во светот заедно Ирак, Либија и Суринам, како држава со најбрзо растечко ширење на Ковид–19, објави синоќа „Њујорк тајмс“. Според угледниот американски весник, Македонија е помеѓу седумте држави каде Ковид-19 бележи најбрзо растечка прогресија во последните две недели.
Игор Николов ОД на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вели дека желбата за да му се задоволи и удоволи на Зоран Заев, нелекарскиот и непрофесионалниот пристап на Комисијата за заразни болести која има желба да му удоволи на Филипче нè ставаат во друштво со Либија, Ирак и Суринам.
Задоцнетите мерки, прераното олабавување на истите, лошиот пристап со справувањето со епидемијата од страна на удоволувачите на СДСМ нè донесоа во ситуација како држава да го живееме вториот пик и тоа во јули. Неодговорноста на двоецот Заев и Филипче, несоодветните мерки, допринесе од 1 јуни до 12 јуни да имаме зголемување на бројот на заразени за скоро 1.480 наши сограѓани, бројот на активни случаи да се триплира, а бројот на починати да порасте за 38 повеќе. Имено од почетокот на дијагностицирањето на Ковид 19 во Македонија до 30 мај се регистрирани 2.164, а од 1 јуни до 12 јуни дополнителни 1.480 случаи, потенцираше на денешната прес-конференција Николов.
Додаде дека ова е пораз на здравствените политики и пораз за Комисијата за заразни болести, која му удоволува на Заев и Филипче и нивниот политикански, политички, а не лекарски пристап.
За само 12 дена бројот на заразени се зголемил за повеќе од половина. Власта е целосно неспособна и не знае и не може да се справи со ситуацијата. Потребен е професионален и експертски пристап. Македонија тоне со СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија, порача доктор Николов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.