Неколкумина осудени за случајот „27 април“ во изминатиот период поднеле барања за помилување до претседателот Ѓорге Иванов, потврдиле од кабинетот на претседателот за Фокус. Последното барање пристигнало во петокот во попладневните часови, но од кај претседателот не откриле за колку барања се работи.
Во петокот, во попладневните часови, во кабинетот на Претседателот е пристигнато уште едно од повеќето барања за помилување, изјавиле од Кабинетот на претседателот.
Инаку, најголема казна за 27. април доби Митко Чавков и тоа 18 години. Останатите осудени за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ ги добије следните затворски казни:
Митко Пешов – 15 години, Душко Лазаров – 15 години, Горан Ѓошевски – Леви – 15 години, Оливер Поповски – 13 години, Оливер Радулов – 10 години, Мунир Пепиќ – 15 години, Абдулфета Алими – седум години, Младен Додевски – 12 години, Јане Ченто – 15 години, Горанче Ангеловски – 12 години, Игор Југ – 12, Влатко Трајковски – 15 години, Вилијам Михајловски – 14 години, Никола Митровски – Кољо -15 години и Александар Василевски Нинџа – осум години,
Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во Парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.
Ослободителна пресуда доби само Дурловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.