Според Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ без компас се правени новите реформи на Министерството за здравство во Примарната здравствена заштита.
• Нема одговор како и од кога ќе се бара до термин за матичен. Едвај се наоѓа, ако воопшто се најде термин, за специјалист, а сега ќе се закажувал термин и кај матичен лекар. Како ќе се изведува тоа, нема одговор
• Нема одговор за тоа какви услуги ќе можат да добијат кај матичниот лекар, наместо кај специјалист
• Нема одговор која е листата на лекови кои матичните ќе можат да ги препишуваат како терапија без специјалист. Не е прецизен одговор дека лекови за притисок, шеќер, тироида, астма и за белодробни болести од денес ќе дава матичниот лекар
• Нема одговор колку средства ќе се одвојат за матичните за опрема за дополнителните услуги кои ќе ги даваат
Ова се само некои од дилемите од тн. најавена реформа на ПЗЗ.
Со промена на процедури или најава на тн. реформа, без скенирање на реалните состојби на терен и мерки за нивна корекција, како може да се очекува значително подобрување на примарната здравствена заштита која е прва врата за влез во здравтсвениот систем, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.