Некој од Владата го предупредил Бојан Јовановски дека Орце Камчев го пријавил случајот „Рекет“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Јади бурек“, и додаде дека ваквите сонзанија многу брзо ќе бидат споделени со јавноста. Мицкоски јавно праша кој е тој што го предупредил Бојан Јовановски дека е пријавен рекетот.
Многу скоро во јавноста ќе излезе дека некој го предупредил Бојан Јовановски дека некој го предупредил за слуачајот Рекет од Владата, тој што го предупредил бил од Владата. И тоа не е добро. Ако е тоа така, а е така, тогаш треба да видиме кој е тој што го предупредил Бојан Јовановски. Да видиме која е таа личност, затоа што тука веќе овој октопод за кој што ние говориме има поголеми димензии. Не е само ограничен на четворицата осомничени. Сега пазете, Бојан Јовановски е гостин кај Зоран Заев во кабинетот, практично моден гуру, самиот Зоран Заев вели дека тој менаџира провладина телевизија и наеднаш никому ништо, тоа не важи, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.