Токму кога требаше да се објават конечната излезност на парламентарните избори и првичните резултати, истовремено паднаа сајтот на Државната изборна комисија и агрегаторот на вести во „Тајм.мк“.
Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски за проблемот со веб страницата рече дека најверојатно се работи за обид за надворешен напад и дека тоа не предизвикало никаква реална штета.
Од она што сум информирам дека се работи веројатно за обид за надворешен напад. Јас не сум ни ИТ експерт, ниту можам да ви тврдам или кажам нешто, меѓутоа додека не се потврди тоа јас не би шпекулирал со други информации, ќе видиме во текот на вечерта или утрешниот ден за што се работи. Без разлика не е оневозможено собирањето на податоците и електронскиот внес и ние имаме информации на време, би рекол, рече вечерва на прес-конференција Дерковски.
Додаде дека имале проблеми со јавната објава на податоците и дека сега технички го премостиле тој проблем, така што има можност да се следите податоците тука во ДИК, а исто така и преку нивниот Јутјуб канал.
Кратко пред да падне „Тајм.мк“ тој директно ги прикажуваше изборните резултати од веб-страницата на ДИК.
Досега cloudflare блокираше 3М ip адреси. Уште нови се појавуваат. Ваков DDOS до сега не сме имале. Некој фрлил многу пари да го прави ова.
— Igor Trajkovski (@mkrobot) July 15, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.