Криминалот кој е неказнет е најголемиот проблем на Владата, покажува анкетата на Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА, направена за сопствени потреби. Освен криминалот, најголем проблем  е и невработеноста, по што следи проблемот со лошата економија, ковид кризата, недоволната заштита на националните интереси, неостварените ветувања.

Анкетата е спроведена телефонски во период од 21.12.2020 – 25.12.2020 врз 1.523 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.