Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ упатија честитка по повод 8 Септември, Денот на независноста.
Денот на државноста и независноста, 8-ми Септември е денот кога се одбележува раѓањето и се слави опстојувањето на независна и суверена Република Македонија. На овој голем ден, на 8-ми Септември 1991 година, граѓаните на Репуbлика Македонија покажаа храброст и одлучност остварувајќи ја долгогодишната идеја и аманет од нашите предци кои со генерации и генерации живееја со мислата за слободна, независна и суверена Република Македонија. 8-ми Септември е симбол и потсетник на бројни предизвици и премрежја со кои Република Македонија се соочуваше во сите овие години на независност, но и поттик мудро и сплотено да продолжиме понатаму заедно да се бориме со сите идни препреки и проблеми.
Само на тој начин, сплотени, обединети и сложни, ќе успееме да ја зачуваме, одржиме и продолжиме вековната идеја за силна, слободна, суверена и независна Македонија. Нека ни е честит 8-ми Септември, Денот на независноста! Нека ни е вечна нашата татковина Република Македонија!, стои во честитката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.