Три години Македонија не започнува со преговори, а резултат на тоа е зголемената корупција и немањето реформи во Македонија и втората група на проблемите е ставањето на Македонија во исти пакет со Албанија на што алармиравме уште минатата година кога договорот беше направен меѓу Заев и Еди Рама, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој вечерва беше гостин во вестите на Сител.
Николоски вели дека „нон пејперот“ на Франција се само последици, став на една земја-членка, нешто на што немаме влијание, бидејќи тоа се интерни работи во рамки на ЕУ.
Неиспорачувањето на реформите и групата со Албанија не донесе во ситуација да исчекуваме дали и какви договори ќе има во ЕУ, констатира Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.