Министерот за здравство Венко Филипче на „Инстаграм“ блокирал пациентка од Скопје, која побарала помош од него во битката со опасна, ретка и тешка болест.

Младата Флора Гаши и уште две пациентки како неа се борат редок вид на Цистична фиброза, додека здравствените власти цели три години не можат да најдат решение за луѓето со ретката болест.

Дека Гаши е блокирана, сподели политикологот Влора Речица:

По споделување на „Инстаграм“ за нејзината ситуација и фактот што не може да дојде до потребните лекови, Флора е блокирана од страна на министерот Филипче, пишува Речица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.