Негувателка во градинка во Битола позитивна на коронавирус, а пет деца, три воспитувачки и две негувателки се ставени во домашна изолација од 14 дена, соопштија денес од Центарот за јавно здравје.
Тие додаваат дека случајот е регистриран само три дена по започнување со работа на градинките.
Ова не е прв случај во градинките. Пред некој ден позитивна негувателка беше лоцирана и во Свети Николе.
Денеска од Министерството за здравство информираа дека во Битола се регистрирани четири новозаразени лица, а три лица се оздравени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.