Негрижата за загадениот воздух и дивите депонии убива и во ек на пандемија. Неодговорноста на Владата предводена од СДСМ го загрозува здравјето на граѓаните, велат од опозициската   ВМРО-ДПМНЕ која за утре најави дека ќе протестира во две скопски општини и три други града.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓаните утре, 4 ноември, на протест. Протести ќе се одржат во Општина Карпош во 12 часот на улица Скупи (кај супер Тинекс) , Општина Гази Баба (депонија Вардариште) во 13 часот, а во Струга, Тетово и Неготино протестот ќе се одржи во 19 часот, соопштуваат од партијата.

Протестот во општина Струга ќе започне од Индустриската зона до Хотел „Дрим“, додека во општина Неготино пред општинската зграда и Тетово пред општинската зграда.

Додека здравјето на граѓаните е изложено на опасност, власта профитира преку матни тендери. Наместо политиканство од страна на оваа неспособна Влада, потребни се одлуки, велат од ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ апелира власта под итно да престане со загрозување на животната средина. СДСМ откако е на власт тажната слика за Македонија се дивите депонии по градовите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.