Нефи Усеини го пропушти последното рочиште на кое му се суди за насилство врз негов сограѓанин, а неговите адвокати во судот во Охрид го оправдаа дека заминал на операција во Турција. Според информациите кои ИРЛ ги доби од неговиот адвокатски тим, Усеини закажал операција на синусите.

Нефи Усеини замина пред неколку дена на операција на синусите во приватна болница во Истанбул. Не знам колку ќе се задржи таму, но пред операцијата има неколку дена подготовка, па следува операцијата и потоа закрепнување. Целата медицинска документација ќе биде доставена до Судот во Охрид по неговото враќање во земјава, изјави неговиот адвокат Никола Цобоски.

Претседателот на судот во Охрид, Васил Баткоски, во разговор со ИРЛ рече дека пасошот на Нефи Усеини не му бил одемен и тој можел да ја напушти државата.

Повеќе на ИРЛ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.