Нефи Усеини се појави на седница на Советот на Охрид, при што му беше верификуван советничкиот мандат. Притоа, на седницата, Усеини беше седнат од страната на која вообичаено седи мнозинството на Советот.

Тој порача дека ДУИ имаат двајца советници во советот и треба да одлучат како ќе делуваат на локално ниво. Усеини додаде дека не се ни СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, туку се ДУИ и затоа партијата ќе одлучи како ќе делуваат.

Што се однесува до најавената оставка од советничката позиција, Усеини изјави дека и за тоа ќе се одлучува во партијата.

Доколку Усеини навистина поднесе оставка, ќе треба да ја извести Државната изборна комисија, која пак на негово место ќе го повика следниот којшто е на листата на ДУИ за Општина Охрид.

Сепак, засега Усеини останува член на Советот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.