Во сите училишта во земјава нема исто условите за работа, па затоа не треба да се унифицира еден модел за настава којшто ќе важи за сите, вели во неделното интервју за РСЕ, претседателот на СОНК, Јаким Неделков, осврнувајќи се на предложените три модели за настава од септември.
Условите се различни по многу основи. Прво по број на заразени во средината, имаме стандарди на колку жители максимум колку заразени би било нормално, ако може така да се каже нормално. Имаме број на ученици во училиште, број на ученици по паралелки. Имаме училишта со соодветни услови за изведување на ваква или онаква настава, училишта кои се несоодветни, па имаме и локална средина, односно родители и ученици немаат технички можности да следат конкретно онлајн настава итн. Значи сето тоа е индивидуално и по нас како Синдикат би било најсоодветно да се прифати она решение кое најмногу ќе одговара на локално ниво, односно она училиште, пред се училишниот одбор ќе се одлучи за кое училиште како да работи, вели Неделков.
Негово мислење е дека е неизбежен модел на онлајн настава или можеби комбинирана настава, каде дел од училишта ќе работат онлајн, дел со физичко присуство на ученици и вработени, односно наставници.
Меѓутоа и во само едно исто училиште да биде наставата комбинирана, дел од родители ќе се изјаснат дека сакаат да ги пуштат нивните деца физички да присуствуваат во училиштата, можеби други родители ќе се изјаснат за онлајн настава, така што наставниците во секој случај ќе мора да бидат подготвени и за онлајн настава, смета Неделков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.