Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, преку својот Фејсбук профил упати порка до Општински образовни власти и директорите на училштата.
-Ако 2 месеци доцнеа свидетелствата во училиштата, не очекувајте дека за 2 дена ќе бидат напишани, особено не во сабота и недела. Општински образовни власти и директори, без притисоци врз наставниците! Тие се најмалку виновни за настанатиот проблем!, пишува Неделков.
Министерката за образование и наука Мила Царовска посочи дека свидетелствата за минатата учебна 2020/2021 година се доставени од Бирото за развој и образование до училиштата и ќе им бидат доделени на учениците до крајот на законскиот рок, 31 август, или на првиот училиштен ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.